Утрински Весник
Македонија

Кавадарци доби светлечки табли со соларни панели на кружните текови 

Кавадарци доби светлечки табли со соларни панели на кружните текови 
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кавадарци, 2 март 2020 (МИА) – Кавадарци доби 24  светлечки табли со соларни панели на кружните текови, поставени од специјализирана фирма.

Oд Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа појаснуваат дека се работи за сообраќајни знаци од вертикалната патна сигнализација со кои значително ќе се подобри регулацијата на движењето на пет кружни текови во градот.

– Најмногу знаци, осум, ќе се постават на кружниот тек кај зградата на Граничната полиција. По четири знаци ќе се постават на кружните текови кај автобуската станица, винарската визба „Тиквеш“,  училиштето „Гоце Делчев“ и на локацијата кај зградите „Белка“, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

Во оваа фаза од проектот се поставуваат и 159 знаци и 200 столбови, како дел од вертикалната патна сигнализација на повеќе  улици во градот. свд/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мојсоска: ДПМНЕ бара да му веруваме на Мицкоски, а праксата нѐ учи да не му веруваме

Филипче: Време е за единствен граѓански фронт за правда

Безживотно тело на маж пронајдено во двор во Драчево