Утрински Весник
Македонија

Кавадаречките пожарникари со досетливост спасија маче

Кавадаречките пожарникари со досетливост спасија маче

Кавадарци, 1 јуни 2020 (МИА) – Кавадаречките пожарникари со досетливост спасија маче, ова денеска изградува многумина, особено млади кавадарчани.

Очевидци кажуваат за МИА дека мало маче несакајќи случајно паднало во подрумска  просторија од колективна зграда. Тоа едноставно се пикнало помеѓу металните решетки на прозорецот и завршило во два метра длабокиот подрум. Проблемот бил во тоа што сопствениците на заклучениот подрум биле во Шведска и немало како мачето да биде извлечено надвор.

– Веднаш по дојавата, се упативме на лице место и интервениравме. За да не ги сечиме решетките, зедовме  една подолга дрвена штичка што ни се најде при рака и ја протнавме  меѓу решетките. Мачето, свесно за помошта што му се нуди, со канџите се фати цврсто за дрвото од штицата и се држеше внимателно, а ние полека го извлековме  заедно со неа. Мирно некое маче, желбата за живот беше посилна од стравот од непознати  лица, за МИА раскажаа двајцата кавадаречки пожарникари.свд/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вонредно известување од ЦУК до жителите на Стајковци и Арачиново

Крстевски поднесе кривични против угостители што работат не законски – Нема да дозволам да ни се случи „Пулс“ 2

Државата треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК