Утрински Весник
Македонија

Кабинет на Царовска: ЕСС работеше согласно Деловник

Кабинет на Царовска: ЕСС работеше согласно Деловник
Dik 300x250 mk

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Работата на Економско социјалниот совет (ЕСС) е согласно Деловник за работа на Советот, и во изминатиот период седниците се закажувани и одржувани соглано тој Деловник. Ова може да се потврди од записниците кои се водат за секоја седница, а кои се доставувани до сите членови на ЕСС, се вели во реакцијата од кабинетот на вицепремиерката Мила Царовска, поранешна министерка за труд и социјална политика, на обвинувањата дека кога претседавала со Советот тој работел спротивно на деловникот.
Во реакцијата се додава дека на седниците кога немало кворум не се носени заклучоци, туку оти само било расправано за точките.
-Ова може да се потврди и од записникот од 36-тата седница  која е одржана на 18 јули 2017 година, се вели во реакцијата.
Во неа потсетуваат дека треба да се знае оти Економско социјалниот совет е советодавно трипартитно тело формирано од  Владата и социјалните партнери за што е потпишана Спогодба на 25 август 2010 година. За својата работа ЕСС има донесено Деловник за работа. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг

Ина Многуфина до Лекарска комора: Ваша е бруката за лиценцата на д-р Кузмановски