Утрински Весник
Спорт

И Торино покажува интерес за Барди

И Торино покажува интерес за Барди

Енис Барди во летниот преоден рок би можел да го напушти Леванте. Клубот од Валенсија има финансиски проблеми, поради што мора да продаде еден или двајца од најдобрите играчи.

Пред неколку дена италијанските медиуми шпекулираа дека великанот Милан се распрашува за услугите на македонскиот репрезентативец, а денес печатот на Апенинскиот Полуостров објави дека и Торино сака да го види Барди во своите редови.

Барди во Леванте пристигна во 2017 година од Ујпешт.

> И Торино покажува интерес за Барди <

Можете да прочитате

ФФМ: Нов селектор најдоцна до 25 декември

Вон испиша историја со триумфот во Сент Мориц

Кошаркарската федерација на 21.декември ќе организира „All star“ натпревари