Утрински Весник
Спорт

И тоа го има во тенисот – бизарна казна поради одење во тоалет!

И тоа го има во тенисот – бизарна казна поради одење во тоалет!

Белорускиот тенисер Иља Ивашка имаше епско „пролупување“ на теренот при мечот против Французинот Адријан Манарино на Санкт Петерсбург опен, откако доби казна бидејќи мораше да оди на итна паузаз за тоалет.

Ивашка го освои првиот сет, но губеше со 2:3 во вториот кога побара пауза од судијата на столче Ричард Хаиг.

„Мораш да бидеш побрз, бидејќи времето минува“, му кажа судијата.

Кога се врати, тој дозна дека доби казна од еден гем за оддолжување на мечот, по што Ивашка експлодираше со зборови: ‘Можев да се пос.рам тука на теренот’. Судијата не потклекна, за на крајот Ивашка и покрај загубениот гем да го добие мечот.

> И тоа го има во тенисот – бизарна казна поради одење во тоалет! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда

Реал Мадрид го назначи Арбелоа за тренер

Алонсо сам одлучи да го напушти Реал поради себичноста на играчите и отсуството на поддршка од раководството