Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

И Словенија се најде на „црниот“ список

И Словенија се најде на „црниот“ список
Img 7972

Финската влада ја стави Словенија на списокот на земји кои подлежат на ограничувања при влез во земјата поради пандемијата на коронавирус.

Од понеделник, ограничувањата ќе важат и за влезовите од Австрија и Швајцарија.

Тоа значи дека луѓето кои доаѓаат од овие земји ќе треба да поминат две недели во самоизолација по пристигнувањето во Финска.

На веб-страницата на финската влада беше објавено дека оваа земја воведува ограничувања на влезовите од Австрија, Словенија и Швајцарија, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во однос на претходните процени, јавува словенечката агенција СТА.

Финската влада го ажурира списокот на земји што подлежат на ограничувања за влез приближно еднаш на секои две недели.

Од земјите од Европската Унија, Шпанија, Луксембург, Португалија, Полска, Франција, Шведска и Чешка се веќе на оваа листа.

Граѓаните на овие земји мора да поминат две недели во самоизолација по влегувањето во Финска и овие ограничувања можат да бидат укинати доколку една земја регистрира до осум нови случаи на инфекција на 100.000 жители во претходните 14 дена.

Според најновите податоци, над 2.000 луѓе биле заразени со коронавирус во Словенија од почетокот на пандемијата, додека малку повеќе од 100 пациенти починале како резултат на „Ковид-19“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот