Утрински Весник
Свет

И Словачка воведува заклучување за невакцинираните

И Словачка воведува заклучување за невакцинираните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Словачка ќе воведе построги мерки за лицата кои не се вакцинирани против коронавирус.

Премиерот Едуард Хегер најави еден вид карантин за невакцинираните.

„Тоа е заклучување за невакцинираните“, рече Хегер на прес-конференција.

Според новите правила, само лицата кои се вакцинирани или кои имале Ковид-19 во последните шест месеци ќе можат да влезат во ресторани, трговски центри, продавници, на спортски натпревари и јавни настани.

Мерките, кои стапуваат на сила од понеделник и се закажани за наредните три недели, се одраз на мерките што од оваа недела беа усвоени во соседната Австрија.

Словачка има една од најниските стапки на вакцинација во Европската унија, со вакцинирани 45% од вкупното население, во споредба со просекот на ЕУ од 65%. Земјата има забележано 13.725 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп