Утрински Весник
Македонија
Img 7972

И Села го поддржа францускиот предлог

Zijadin sela
300x250 opst2

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски.

„ Не се работи само за прифаќање или неприфаќање на францускиот предлог, туку за продолжување или непродолжување на патот кон ЕУ. Мислам дека Северна Македонија треба да продолжи кон евроинтеграциите, другa опција за нас не треба да постои. Нашиот став е дека не треба да се создаваат алтернативи, туку само ЕУ. Македонија треба да биде членка на ЕУ, а тоа нормално оди преку преговори. Нема двоумење, јасни сме, би го прифатиле овој предлог“ рече Села.

Претходно, францускиот предлог го прифати и БЕСА, со барање за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик.

Можете да прочитате

Мицкоски од Сарај: Повикувам на масовно гласање за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Неколку кражби на грозје, лук и праски од земјоделски имоти годинава во Тиквешкиот регион

Македонија се прости од Панчо – Солзи, тишина и вечна почит за легендата на ДНК