Утрински Весник
Македонија

И приватни здравствени установи ќе вршат интензивна нега и терапија на пациенти со корона вирус

И приватни здравствени установи ќе вршат интензивна нега и терапија на пациенти со корона вирус

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија, ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи за укажување здравствени услуги на пациенти заболени од коронавирус, одлучи Владата на вчерашната седница.

Одлуката ќе важи додека трае вонредната состојба во земјава.

-Фондот за здравственото осигурување на Република Северна Македонија ќе склучи договори со овие институции со кој ќе се утврдат обемот и видот на здравствените услуги кои приватната здравствената установа ќе ги врши во периодот на важењето на оваа Уредба, согласно прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување, соопшти владината прес-служба. мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ