Утрински Весник
Спорт

И покрај толку најави, Барса уште не му дале официјална понуда на Меси!

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Порталот „Гол“ тврди дека преговорите на Лионел Меси со првите луѓе на Барселона уште траат во „пријателска атмосфера“, но дека зачудувачки каталонскиот гигант и покрај јавните изјави на претседателот Жоан Лапорта, уште не му понудил официјален договор на својот капитен.

Ова доаѓа откако минатото лето, Меси имаше шокантен и на крајот неуспешен обид да си замине од Барселона, но по изборот на нов претседател на клубот, беше најавено дека главниот приоритет е да се обезбеди Меси да остане во тимот. И покрај тоа што шпанските медиуми објавија дека тој веќе добил понуда (со пониска плата), според „Гол“, клубот чека да помине внатрешната контрола на финансиите на клубот за да се одреди колку можат да му понудат на 33-годишниот Аргентинец.

Сепак, овојпат ѕвездите се наклонети на Барселона – Меси сака да остане во клубот бидејќи има далеку подобри односи со Лапорта отколку со неговиот претходник Жозеп Марија Бартомеу, но би сакал да биде сигурен дека Барселона ќе може да се бори за титули следната сезона, откако оваа потфрлија и во Ла лига и во Лигата на шампиони. Меси чека да види кои засилувања ќе бидат обезбедени, но и кој ќе биде на тренерското место по шпекулациите околу Роналд Куман.

> И покрај толку најави, Барса уште не му дале официјална понуда на Меси! <

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место