Утрински Весник
Свет

И покрај предупредувањата на НАТО и САД не се случи рускиот напад

И покрај предупредувањата на НАТО и САД не се случи рускиот напад
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Она од што цел свет се плашеше дека ноќта на 16 февруари, во три часот по локално време, руските сили ќе извршат напад на територијата на Украина, не се случи.

Вакви предупредувања упати украинскиот претседател Владимир Зеленски. Сепак, ситуацијата останува критична.

Ноќта зад нас помина во апели на светските претставници да надвладее политиката на мир, а претседателот на Русија, Владимир Путин, да се откаже од нападите на украинска територија.

Прв се огласи американскиот претседател Џо Бајден. Тој предупреди дека инвазијата од Русија е многу можна, но сепак е опција дипломатско решение. Тој исто така предупреди дека и покрај информациите од Русија дека дел од нејзините војници се враќаат во своите матични бази, анализите на САД не го потврдија тоа и дека руските војници остануваат во заканувачка позиција.

Можете да прочитате

Двајца убиени во рускиот напад врз Харков

Турција ја зголемува минималната плата

Зеленски наскоро ќе се сретне со Трамп