Утрински Весник
Свет

И покрај заразените туристи, Грција продолжува да ги олеснува мерките

И покрај заразените туристи, Грција продолжува да ги олеснува мерките

Здравствените власти во Грција се во состојба на подготвеност, бидејќи се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, а повеќето случаи се поврзани со туристички патувања, особено оние кои доаѓаат од балканските земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Еден случај што предизвика посебна загриженост, а станува збор за граѓанин на Србија кој летото го помина во Едипсос на Евија. По тестот, тој и неговата сопруга беа позитивни, а здравствените власти се обидоа да ги идентификуваат нивните контакти, вклучувајќи го и таксистот што ги возеше во болницатa“, пишува „Катимерини“.

Додаваат дека Србинката е првиот случај на зараза со вирусот на островот Крф, додека четворица српски државјани за кои се утврди дека се позитивни на граничниот премин, се сместени во специјален хотел за карантин на Тасос.

Националната организација за јавно здравје објави 33 нови случаи на заразени со „Ковид-19“ и 21 случај на заразени туристи.

И покрај зголемувањето на бројот на заразени, грчките власти дополнително ги олеснија мерките поврзани со борбата против коронавирусот, а од вчера маските не се задолжителни за посетителите на трговските центри, иако тие остануваат задолжителни за вработените во продавниците. Исто така укинато е ограничувањето за најмногу шест гости на маса во грчки барови и ресторани.

Грчкиот министер за здравство Василис Кикилиас ги повика регионалните и локалните власти да ги засилат инспекциите во кафулињата и рестораните.

„На земјата и треба туризам, како економски, така и психолошки. Сепак, гледаме дека случаите се зголемуваат, како во соседните земји, така и на глобално ниво“, рече тој, додавајќи дека Грција е најдобриот пример во управувањето со ситуацијата со вирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд