Утрински Весник
Спорт

И официјално „Стадио Диего Армандо Марадона“!

И официјално „Стадио Диего Армандо Марадона“!

Општината Неапол и официјално потврди дека стадионот „Сан Паоло“ од денеска ќе го носи името на Диего Армандо Марадона, откако веднаш по неговата смрт претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио де Лаурентис го најави истото.

Марадона почина на 25 ноември од срцев напад, а секогаш ќе биде во срцата на наполитанците, на кои им донесе две италијански титули на крајот на 1980-тите.

„Со денешната резолуција, стадионот ќе го носи името на Диего Армандо Марадона. Предлогот го даде градоначалникот Луиџи де Маџистрис, советникот Алесандре Клементе и беше потпишан од целиот градски совет. Стадионот ‘Сан Паоло’ сега официјално ќе биде познат како ‘Стадио Диего Армандо Марадона’“, се вели во соопштението на општината.

> И официјално „Стадио Диего Армандо Марадона“! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ