Утрински Весник
Македонија

И оваа сабота ќе работи зелениот пазар во Кратово

И оваа сабота ќе работи зелениот пазар во Кратово

Крива Паланка, 27 април 2020 ( МИА) – Градскиот зелен пазар во Општина Кратово ќе биде отворен оваа сабота, информираат од локалната самоуправа.
Оттаму посочуваат дека  во насока на запазување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19 на Министерството за здравство, пазарот ќе работи од 7 до 13 часот, а ќе се врши продажба на земјоделски и прехранбрени производи.
– Јавното комуналнон претпријатие од Кратово ќе изврши распоред на тезгите и ќе превземе мерки за заштита, со поставување дезинфекциони средства на самиот влез на пазарот, додека продавачите се должни да носат соодветна лична заштитна опрема и де се придржуваат кон пропишаните мерки на Владата на РСМ. Аплерираме часовите кога е дозволено движење за лицата над 67 години, пазарот да го посетуваат повозрасните лица, додека пред и потоа сите останати граѓани и на тој начин да го намалиме ризикот, посочуваат од локалната самоуправа на Општина Кратово.
Од локалната самоуправа апелираат граѓаните да носат заштитни маски и ракавици, да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните институции секој ден.ид/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии

Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведено едно лице, пронајдена дрога