Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаболени со Ковид-19

СЗО: Да се тестираат сите контакти без оглед на симптомите

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 24 до 30 август 2020 година направени се 9.944 тестирања на коронавирусот, а регистрирани сe 666 нови позитивни случаи што претставува намалување од 20,6% во однос на претходната недела.

Новорегистрирани случаи има во 29 градови во државата, а најголем дел се од Скопје – 31,4%. Во истиот период, во 23 града, или 7 повеќе во однос на претходната недела, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 6.7% што претставува намалување од 0,8% во однос на претходната недела. Овој индикатор и натаму покажува континуиран тренд на намалување во однос на претходните недели кога истиот се движи од 10%, 9.4%, 8.6%, 7.8%, и 7.5%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. И во овој период најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 158 (23,7%) позитивни.

Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=138; 20,7%), 50-59 (n=122; 18,3%) и 20-29 (n=113; 17,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=12; 1,8%) и 10-19 години (n=31; 4,7%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=657; 98,6%), регистриран е 71 (10,7%) хоспитализиран (намалување од 40,3% во споредба со минатата недела), а кај 195 (29,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 212 (32,2%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 24 лица со историја на патување во последни 14 дена.

Во споменатиот период, по добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 1.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 558 лица или 100% повеќе во однос на претходната недела.

Пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови, зголемување од 84,2% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 26 биле над 60 години, 5 на возраст од 50-59 и 4 на возраст од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани, а коморбидитети се регистрирани кај 29 од случаите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“