Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Намалување на нови позитивни случаи – најголем дел и натаму во Скопје

15 починати и 173 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Сарс-КоВ-2, 14.2% помалку во однос на минатата недела.

Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20.

Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар