Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и процентот на позитивни од тестирани, во споредба со претходната недела, покажа извештајот на Институтот за јавно здравје. Во истиот период е забележано зголемување на бројот на оздравени лица за разлика од претходната недела.
Од 11 до 17 јануари биле тестирани вкупно 14.111 лица, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела.
Регистрирани сe 2.397 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 3,0% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.
Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување се движи од 11 до 19%, просечно 16%, што претставува намалување од 3% во споредба со минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години.
По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.785 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 29,7% повеќе во споредба со минатата недела.
Во периодот на известување, пријавени се 79 смртни случаи од 23 града, со зголемување од 6,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 62 лицa биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.