Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Зголемен број на смртни случаи и новозаболени од коронавирус

ИЈЗ: Зголемен број на смртни случаи и новозаболени од коронавирус
Dik 300x250 mk

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 март, пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, што е 22,5% повеќе во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

Во истиот период тестирани се вкупно 24.517 лица, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје.

Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%, што е 3% повеќе во споредба со минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.

По добиени два негативни теста за присуство на вирусот или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза од кои (4.002 со вакцината на „Фајзер“,а  2.702 со вакцината „спутник в“ и 2.572 со втора доза на вакцината на „Фајзер“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“