Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: За една недела за 10,7 отсто намален бројот на починати од ковид-19, а за 4,2 отсто на позитивните случаи

Досега обезбедени 142 единици конвалесцентна плазма со која се третирани над 120 пациенти

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, ИЈЗ, за периодот од 30 ноември до 6 декември, пријавени се 184 смртни случаи од 25 градови, што е намалување од 10,7 отсто во однос на претходната недела. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.

Тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите за молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е намалување од 7 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови, помалку за 4,2 отсто во споредба со една недела претходно. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4 отсто), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37 отсто, информира ИЈЗ.

Евидентирани се заболени лица од сите возрасни групи. Најзастапена е групата на лица над 60 години (n=1.639, 25,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.244; 19,2 отсто), 40 до 49 (n=1.222; 18,9 отсто), 50 до59 (n=1.217; 18,8 отсто) и 20 до 29 (n=791; 12,2 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години (n=107; 1,7 отсто) и од 10 до 19 години (n=243; 3,8 отсто).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Костадинов: Општина Струмица е подадена рака на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Сообраќајка на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот е во прекин

Лефков: Аврамовска Мадиќ која ги осмисли измените во Кривичниот законик не може да е ново лице во СДС