Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ИЈЗ: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 за една недела зголемен за 35 проценти

ИЈЗ: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 за една недела зголемен за 35 проценти
Img 7972

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември тестирани се вкупно 20.980 лица, што е зголемување од 6,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи.

Пријавени се 172 смртни случаи од 23 града, зголемување од 35,4% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и два случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 155 или 90,1%.

Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35%, намалување за 2% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години, а најмал број е регистриран кај децата од 0-9 и 10-19 години.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.

По добиени два негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.524 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 11.6% повеќе од минатата недела.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето