Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ИФЈ: Годинава убиени 42 новинари и медиумски работници

ИФЈ: Годинава убиени 42 новинари и медиумски работници
Img 7972

Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) објави дека 42 новинари и медиумски работници биле убиени на задача во 2020 година. Најмалку 235 новинари и медиумски работници во моментов се во затвор, како дел од процесите поврзани со нивната работа.

Бројот на смртни случаи во претходните години се намалуваше и сега е на приближно исто ниво како и пред 30 години кога ИФЈ започна да ги води овие статистики.Генералниот секретар на ИФЈ, Ентони Беланж, рече дека намалувањето на бројот на убиства на новинари не може да ја прикрие „смртоносната опасност и заканите со кои се соочуваат новинарите поради нивната работа“.

Во изминатите три децении, според ИФЈ, во светот биле убиени 2.658 новинари. Во 2020 година, најмногу новинари биле убиени во Мексико – 13. Ова е четврти пат во последните пет години Мексико да е на врвот на листата. Пакистан е на второто место, со пет убиства, додека тројца новинари беа убиени во Авганистан, Индија, Ирак и Нигерија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите