Утрински Весник
Свет

Итен состанок на НАТО поради случајот со Навални

Итен состанок на НАТО поради случајот со Навални

Свикан итен состанок на лидерите на членките на НАТО. Тема на средбата е труењето на најжестокиот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални.

Состанокот е свикан откако повеќето европски лидери се закнија дека ќе воведат нови санкции против Москва, која упорно одбива да има врска со труењето на Навални, кој пак се уште се наоѓа во кома во германска болница.

Лидерите на западните земји бараат со денови конкретни одговори од Кремељ на тврдењата и доказите од германските лекари кои соопштија дека од крвта на Навални е изолиран нервен гас – новичок, во светот познат по случајот со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.

И во тој случај официјална Москва отфрли какви било тврдења дека има врска со труењето.

Итен состанок на лидерите на НАТО ќе почне, како што наведуваат странските медиуми, со краток брифинг на германските лекари во 12.30 часот по бриселско време, а потоа ќе се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан