Утрински Весник
Свет

Италија се отвора за туристите – од април се укинуваат карантинот и зелените пропусници

Италија се отвора за туристите – од април се укинуваат карантинот и зелените пропусници

Италијанската влада одлучи да го укине карантинот, да не ја продолжи обврската за користење зелени пропусници и вонредната состојба и да дозволи влез на странски туристи во земјата кон средината на април, пишува „Кориере дела сера“.

Се чини дека владата донесе одлука да ја закрепне својата економија, особено туризмот.

За неколку дена се очекува италијанската влада да објави „патна карта“ за што поскоро отстранување на ограничувањата против Ковид-19, за што зборуваше премиерот Марио Драги на последната прес-конференција.

Клучниот датум е 31 март, последниот ден од вонредната состојба прогласена од владата на Џузепе Конте на 30 јануари 2020 година. Доколку бројот на заразени продолжи да опаѓа, за четириесет дена тие официјално ќе ги укинат сите мерки.

На туристите без проблем треба да им се дозволи влез во земјава во средината на април, а се споменува датумот – 17 април, кога се паѓа католички Божиќ.

По укинувањето на задолжителните тестови за оние кои доаѓаат од ЕУ, италијанската влада сака да им го олесни влезот на оние кои доаѓаат од други земји. Затоа, тестирањето и карантинот нема да бидат задолжителни за странските државјани, освен ако не доаѓаат од земји каде стапката на зараза е исклучително висока.

На 31 март истекува обврската за поседување карта за ковид за патување со воз, авион, брод и локален јавен превоз. Одлуката за тоа треба да биде објавена во наредните денови.

Од 1 април треба да се укине обврската за покажување на таканаречената зелена карта за оние кои јадат и пијат во ресторани и барови на отворено, а можно е да се укине и обврската за внатрешните простори во мај.

Италија претходно одлучи да ги признае вакцините како „спутник V“, кои сè уште не се признати од Европската агенција за лекови. Владата, исто така, се очекува да дозволи спортските стадиони да го зголемат капацитетот на 75 проценти до следната недела, а потоа до 100 проценти до април.

Се чини дека владата ќе задржи барем некои мерки по тој датум, без разлика дали ќе продолжи вонредната состојба или не.

Обврската за вакцинација за медицинскиот персонал, училишниот персонал, полицијата и оние над 50 години ќе остане најмалку до 15 јуни, а со тоа и задолжителното користење на зелената карта за сите работници во јавниот и приватниот сектор (независни и вклучени професионалци).

Можете да прочитате

Фон дер Лајен го објави составот на новата ЕК: Словенката Марта Кос нова еврокомесрка за проширување

Мажот од Франција призна дека ја дрогирал сопругата и поканил и други мажи да ја силуваат – “Јас сум силувач како и сите други во оваа судница“

Британската влада ќе одвои 75 милиони фунти за борба против бандите кои шверцуваат мигранти