Утрински Весник
Свет

Италија сака да вакцинира 80 проценти од населението до септември

Италија сака да вакцинира 80 проценти од населението до септември
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Италијанските власти денеска објавија дека сакаат да вакцинираат најмалку 80 проценти од нивната популација до септември.

Тоа како што велат официјалните власти би го направиле со зголемување на бројот на вакцинации на ден.

Франческо Паоло Фиџуоло, новиот специјален повереник во борбата против коронавирусот, објави национален план за примање на 500.000 дози вакцини на ден, пренесува Ројтерс.

Италија регистрираше 101.881 смртни случаи од избувнувањето на епидемијата во земјата во февруари минатата година, со што е втора во Европа по Велика Британија и седма во светот.

Италија досега објави бројка од 3,2 милиони случаи на заразени со коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Мадуро и неговата сопруга патуваат за Њујорк

Рубио: Мадуро не е претседател на Венецуела, неговиот режим не е легитимен

Кој ќе владее во Венецуела по падот на Мадуро