Утрински Весник
Македонија

Италија забрани влез за државјани на Македонија, Србија, Црна Гора и Косово

Италија забрани влез за државјани на Македонија, Србија, Црна Гора и Косово

Италија ги блокира и Србија, Црна Гора и Косово, по забраната за влез на граѓани на 13 земји, меѓу кои беа и Северна Македониај и БиХ, пренесе АНСА.

„ Потпишав нов правилник со кој Србија, Црна Гора и Косово се додаваат на листата ризични земји“ објави министерот за здравство Роберто Сперанца на Фејсбук.

„ Тие кои биле на територијава изминатите 14 дена, имаат забрана за влез и транзит преку Италија “ додал Сперенца.

Тој предупредува дека епидемијата на коронавирусот е во најтешката фаза во целиот свет.

„ Потребна ни е максимална претпазливост за да го одбраниме напредокот што го постигнавме досега“ порача Сперенца.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Лицата од аутистичниот спектар нè учат на искреност, трпение и на различни модалитети на изразување и интеракција

На Попова Шапка врнежи од снег, во Крушево намалена видливост поради магла

Се запали возило во Влае