Утрински Весник
Свет

Италија ги заострува мерките – ситуацијата е критична

Рим, Венеција, Фиренца, Торино и Милано останаа без 34 милиони туристи

Италија најави нови построги мерки поради зголемениот број на позитивни случаи на ковид-19 во земјата. Ова следи по рекордниот број, втор ден по ред, што беше регистриран во земјата.

Вчера беа забележани 11.705 нови случаи на коронавирус, а во саботата 10.925 нови инфекции.

Италија е една од најтешко погодените европски земји во првиот бран на епидемијата и има втор најголем број на смртни случаи во Европа по Велика Британија.

Од почетокот на епидемијата, според официјалните податоци, во таа земја починале 36.543 лица.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа им се обрати на новинарите, велејќи дека стратегијата не може да биде иста како и минатата пролет, бидејќи во меѓувреме е научено и направено многу – но дека „ситуацијата е критична“.

Ситуацијата ќе се следи од ден на ден, од општина до општина, пренесува „Јутарњи лист“, а на градоначалниците им е дадено право да затворат сè по 21 часот. Практично, тоа значи повремен полициски час, додава весникот.

Сепак, децата сè уште одат во градинки и пониски одделенија во основното училиште, од шесто одделение па нагоре, наставата е флексибилна па така, онлајн-часовите и одењето во училиште се комбинирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk