Утрински Весник
Спорт

Италијанците сакаат да ја завршат Серија „А“ на 12 јули

Платите на сите играчи во Серија А намалени за една третина

Рим, 12 април 2020 (МИА) – Фудбалските власти на Италија поставија нова цел и тоа е завршување на шампионатот на 12 јули, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Информациите наведуваат дека федерацијата може да спроведе масовни тестови за КОВИД-19 на 27 април, а во отсуство на позитивни примероци, играчите ќе го продолжат со тренинг на 4 мај.

Во моментов идејата е Серија „А“ да започне одново на 31 мај, а тоа ќе даде доволно време тимовите да ги одиграат сите натпревари до 12 јули.

Сепак, ова нема да биде крај на целата сезона, бидејќи УЕФА сака да се одиграат европските клупски турнири откако ќе завршат домашните првенства.

Вкупниот број на заразени ширум светот е над 1,7 милиони. Бројот на загинати надминува 105.000.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара