Утрински Весник
Свет
Img 7972

Италијански научници: Kоронавирусот е најраспространет во градскиот превоз

Италијански научници: Kоронавирусот е најраспространет во градскиот превоз
300x250 opst2

Членови на специјалниот оддел на италијанската полиција (НАС) контролираа и анализираа 756 примероци од површините на средствата за градски сообраќај во Рим и во неколку приградски општини, со цел да се утврди евентуалното присуство на коронавирусот, пишува агенцијата АГИ.

Траги од коронавирусот се пронајдени во 32 примероци, што, како што пишува агенцијата, јасно укажува на тоа дека вирусот Ковид-19 се пренесува од заразени луѓе на површини во автобуси, подземни железници или вагони на локални возови.

Контролата утврди дека во 10 проценти од случаите не биле почитувани хигиенските мерки, физичкото растојание помеѓу патниците и дека тие не биле соодветно исчистени или дезинфицирани.

Поради пропустот, покрената е постапка против четворица директори, а 62 шефови се казнети со парична казна.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб