Утрински Весник
Спорт

Италијански медиуми: Милан ќе го откупи Ребиќ од Ајнтрахт

Италијански медиуми: Милан ќе го откупи Ребиќ од Ајнтрахт

Милано, 16 февруари 2020 (МИА) – Анте Ребиќ ќе биде откупен од Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Хрватскиот репрезентативец пристигна во Милано на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт со клаузула во која „росонерите“ ќе имаат право на негов откуп за 25 милиони евра.
Ребиќ нешто послабо го одигра првиот дел од сеозна, но последните недели се повеќе се истакнува како еден од најдобрите фудбалери на Милан.
Со игрите им „влезе под кожа“ на Паоло Малдини и на Звонимир Бобан кои веќе почнаа преговори со бундеслигашот за откуп до што наскоро и ќе дојде. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс