20 март 2020
Гардијан, Лондон
Состојбата во Италија, европскиот епицентар на пандемија на коронавирусот, и натаму е критична. За помалку од еден месец оваа земја од првиот откриен заразен дојде до 35.000 заразени и над 3.000 смртни случаи. Според последните податоци, само пред три дена починаа 496 луѓе.
„Ова е како војна“. Со тие зборови доктор Фабиано Ди Марко, професор на медицина на Свеучилиштето во Милано и директор на респираторната единица во болницата „Папа Џовани 23.“ во Бергамо, ја опишува состојбата со вирусот.
Во разговор за американската подкаст страница Стичер, Ди Марко вели дека земал слободен ден по три недели непрекината работа. „Бев на работа од почетокот на кризата, 21 февруари, и оттогаш е целосен хаос. Ова е како војна“.
Бев во болница три недели по 14 или 15 часа на ден
„Мојот оддел е целосно трансформиран. Ништо не е како што беше. Бев во болницата секој ден, 14 или 15 часа на ден“, вели Ди Марко. „Секој ден во просек примаме од 50 до 70 пациенти со тешка респираторна слабост. Секој ден. Мојата болница е голема, со 1.000 кревети, но секој ден примаме по 50-70 пациенти со тешко воспаление на белите дробови поради коронавирусот. Тоа е невозможно. Треба да ја менувате својата организација од ден на ден“.
„Ги сменивме нормалните одделенија, пред се оние за хирургија, пет, во одделенија за пациенти со коронавирус. Ние го намаливме обемот на операции за најмалку 80 проценти. Сега во тие пет одделенија и Итната служба имаме најмалку 350 пациенти со респираторна слабост, како резултат на коронавирусот. Ова беше првпат кога повеќе од 50 проценти од болницата беше посветена на пациенти со коронавирус. За да го организираме тоа, моравме да ги научиме кардиолозите, дерматолозите, ревматолозите, специјалистите од други области како да ги лекуваат овие пациенти“, опишува Ди Марко.
Тешко е кога пациентот е ваш колега
„Можам да ви кажам дека мои колеги, лекари и медицински сестри, плачат секој ден. Јас имам 47 години, не сум толку стар за шеф на оддел во болница во Италија, но имам уште 20 колеги, многу млади, така што за мене тоа е огромна одговорност, бидејќи се плашам да не се разболат. Имаме 460 медицински сестри кои се дома, заразени од коронавирусот или се во карантин поради тоа што биле во контакт со заразени пациенти“, вели Ди Марко.
Секако, коронавирусот не ги поштедува ниту нив и покрај сите заштитни мерки што ги преземаат. Меѓу оние кои починаа од Ковид-19 е и 59-годишен лекар и близок пријател на оваа медицинска сестра.
Ре работи во болница во Пјаченца, која се наоѓа во областа Емилија-Ромања, втората најпогодена италијанска област по Ломбардија. паг/