Патувањето помеѓу италијанските покраини ќе биде забрането од 21 делември до 6 јануари, а луѓето нема да смеат да го напуштаат градот на 25 и 26 декември и 1 јануари.
Италијанската влада соопшти дека воведува забрана за време на новогодишните пранизци со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Новите правила, заедно со веќе воведениот полициски час, ќе се обидат да ја запрат циркулацијата на вирусот низ земјата за време на празничниот период, со ограничување на бројот на луѓе собрани на едно место.
„Ако го спуштиме гардот сега, третиот бран не чека веднаш зад аголот“, рече министерот за здравство Роберто Сперанца.
Тој ги советуваше граѓаните да не одат кај пријатели, роднини, соседи, туку да бидат само со членовите на нивното семејство.
Другите ограничувачки мерки ќе бидат воведени во текот на денот, а се очекува секој што ќе влезе во Италија да биде должен да помине десет дена во карантин, почнувајќи од 20 декември. Овој потег е со цел да ги спречат Италијанците да одат во ски-центрите, кои се отворени во некои европски земји.
Кафулињата и рестораните ќе останат затворени во регионите кои се во црвена или портокалова зона, додека во жолтата зона, угостителските објекти можат да работат до 18.00 часот, додека полицискиот час е во сила низ целата земја од 22.00 часот.
Во жолтите зони, каде што рестораните се отворени, владата сè уште размислува дали да им дозволи да служат ручек на Божик и ден подоцна, на 26 декември.
Затворени ќе бидат скијачките центри, како и крстарењата.