Утрински Весник
Свет

Италијанскиот премиер најави строги мерки за време на празниците

Италијанскиот премиер најави строги мерки за време на празниците

Владата во Италија ќе мора да воведе нови рестрикции за време на празничната сезона, во обид да го спречи ширењето на вирусот и да спречи трет бран пандемија, нагласи премиерот Џузепе Конте.

Во интервју за „Ла Стампа“, Конте рече дека владата мора по секоја цена да го спречи третиот бран на пандемијата, што би бил опасен, пренесе „Ројтерс“.

Италијанската Влада разгледува опции да воведе построги мерки против Ковид-19 на територијата на целата земја за време на Божиќните и новогодишните празници, откако маса луѓе пристигнаа во градовите овој викенд, а Рим само ги ублажи некои ограничувања воведени минатиот месец.

Италија е европска земја со најголем број на смртни случаи од Ковид-19 – повеќе од 65.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата во февруари.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж