Утрински Весник
Свет

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми.

Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите на владата утрово, а потоа, според протоколот, тоа официјално ќе му го соопшти на претседателот на Републиката Серџо Матарела.

Медиумите известуваат дека премиерот во оставка ќе се обиде да спроведе пилотирана криза, доколку претседателот на Републиката му довери трет мандат и формира нова влада што ќе има посилна политичка база на парламентарните партии.

Додека не се формира нова влада, сегашните членови на владата во оставка ќе ги извршуваат потребните задачи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Шпанија со милијарда евра воена помош за Украина во 2026

Москва без мобилен интернет: Руските оператори воведоа привремени рестрикции од безбедносни причини

Несреќа во швајцарски ски-центар: Едно лице загина по пад на кабина од жичница