Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Италијанска принцеза мора да плати отштета од 2 милиона фунти во спорот за мултимилионско наследство

Италијанска принцеза мора да плати отштета од 2 милиона фунти во спорот за мултимилионско наследство
Img 7972

Таблоидите пишуваат за најнов пресврт во 10-годишната судска битка на италијанската принцеза Камила од Бурбон- Сицилија со својата сестра за семејниот фонд вреден 100 милиони фунти.

„Приказна за италијанска принцеза, слика на Гоген и битка за наследство во вредност од 100 милиони фунти звучи како нешто сосема фантастично – и тоа уште пред да ја спомнете мајката – некогашна филмска ѕвезда“, коментираат британските таблоиди.

На 22 декември кралскиот суд на каналскиот остров Џерси пресуди дека принцезата Камила Кроцијани од Бурбон-Сицилија ја игнорирала судската наредба и дека мора да плати глоба од 2 милиона фунти. Судот и претходно ја предупреди дека може да биде казнета за негово непочитување откако одби да открие каде се наоѓа сликата на Гоген, чија вредност е проценета на 50 милиони фунти.

Двете сестри принцези се во правна војна за наследството што им го остави мајка им, италијанската филмска sвезда Едоарда Кроцијани.

Фондот беше формиран за ќерките на Кроцијани – Камила и Кристијана кога тие беа тинејџерки и вреди речиси 143 милиони долари. Мајка им наводно била опседната со идејата нејзините ќерки да се омажат со принцови. Камила се венча со принц, а Кристијана не.

Кристијана Кроцијани, фотографирана со принцот Алберт Втори од Монако во 2010 година

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Железничка станица среде станбена зграда

Четири хороскопски знаци ѝ се враќаат на старата љубов оваа есен: Судбоносната средба само што не се случила

Време е за киселата зелка: Како да знаете колку сол е доволно?