Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Италијанската фудбалска федерација не може да се согласи со владата за мерките

Сезоната во Италија тешко дека ќе продолжи
300x250 opst2

Рим, 8 мај 2020 (МИА) – Италијанската фудбалска федерација ги продолжува разговорите со владата, бидејќи двете држави сè уште не се согласиле за конкретни медицински протоколи за продолжување на сезоната.

Министерот за спорт, Винченцо Спадафора, рече дека разговорите не довеле до разбирање за конкретни мерки за минимизирање на ризикот од инфекција со коронавирус, кои ја прекинаа кампањата кон средината на март.

– Ова е многу сложено прашање со многу барања од лекарите. Сега научен и технички комитет ќе подготви проценка, која ќе биде доставена до Министерството за здравство. Се надевам дека сите проблеми ќе бидат решени и од 18 мај клубовите ќе можат да обноват заеднички тренинзи не само во фудбалот, туку и во другите спортови, прокоментира Спадафора.

Според „Газета Дело Спорт“, постојат два главни проблеми. Првиот е за количината на тестови што треба да се направат меѓу фудбалерите и вработените во клубот, за да не наштети на остатокот од популацијата на земјата.

Вториот е поврзан со начинот на дејствување во случај на позитивен резултат за „Ковид-19“ во екипите. Една теза во таква ситуација е дека сите играчи од даден клуб треба да бидат во карантин, а другата е дека само играчот со позитивен тест треба да биде самоизолиран, а остатокот од неговите соиграчи треба веднаш да се проверат.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН