Утрински Весник
Свет

Исчезнале 20 милиони дози вакцини за време на Трамп

Исчезнале 20 милиони дози вакцини за време на Трамп

Скоро 20 милиони дози вакцини наводно исчезнале за време на испораката до американските сојузни држави, кога бил претседател Доналд Трамп.

Лондон Индепендент ја цитира веб-страницата „Дејли Бист“ и извори од администрацијата на Бајден, кои наведуваат дека недостасуваат скоро 20 милиони дози откако биле испратени во САД, а Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) прецизира дека 41,1 милион дози биле испратени низ Соединетите држави од декември, но само 22,7 милиони Американци примиле вакцина.

Според податоците со кои располага новата администрација, некои земји објавија дека не можат да се следат одредени количини вакцини, односно дека не се достапни во магацините или на кои било други места.

Додека преодниот тим на Бајден се жали на брзината на вакцинирање, верувајќи дека е бавна, многу граѓани одбиваат да бидат вакцинирани.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море