Утрински Весник
Свет

Истражување: Коронавирусот бил присутен во Америка пред да се појави во Кина

Истражување: Коронавирусот бил присутен во Америка пред да се појави во Кина

Според најновите истражувања, коронавирусот бил присутен во САД пред да се појават првите случаи во кинески Вухан, кој досега се сметаше за извор на вирусот.

Ова е заклучено врз основа на истражување на примероци од 7.389 донори собрани во девет американски држави во периодот од 13 декември до 17 јануари, од кои коронавирусот е откриен во 106 случаи, пренесува порталот „Нејшнел пост“.

Примероците биле собрани од американскиот Црвен крст и предадени на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за да се утврди присуството на вирусот.

Се наведува дека ова откритие може повторно да го покрене прашањето за потеклото на вирусот.

Според „Волстрит журнал“, ова откритие укажува на тоа дека вирусот се ширел низ целиот свет многу пред здравствените работници и научниците да станат свесни за тоа.

Истражувањето е објавено и во списанието „Клинички инфективни болести“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата