Утрински Весник
Магазин

Истражувач пронајде скриено богатство од милион долари

Цената на златото на шестгодишен максимум
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лос Анџелес, 8 јуни 2020 (/) – Истражувач-авантурист пронајде скриено ковчеже во пределите на Карпестите Планини во САД. Богатството чини околу еден милион долари и му припаѓа на познатиот колекционер Форест Фен (89).

Имено, тој во автобиографијата под наслов „Возбудата на потрагата“ од 2010 година, поместил песна со 24 стиха која укажува дека скрил дел од своето богатство во оваа планинска верига, некаде во Ново Мексико, Колорадо, Вајоминг или Монтана.

Писателот Даг Престон, инаку близок пријател на Фен, вели дека го видел ковчежето и дека е уверен оти тој навистина го поставил тоа богатство некаде.

– Во ковчегот имаше големи парчиња злато од Аљаска, златни парички, статуетки, како и скапоцени камења… Го познавам Форест повеќе од 30 години и знам дека тој никогаш не би измамил, вели писателот.

Ова десетлетие, четворица авантуристи загинале во потрага по богатството.

Пронаоѓачот претпочита да остане непознат за јавноста.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Годишен хороскоп 2026 – Нови почетоци и можности за сите знаци

Тиквата штити од канцерогени клетки и е рудник на хранливи материи

Секое трето дете во светот страда од миопија