Утрински Весник
Македонија

Истрага против жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје и муниција

Истрага против жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против Жител на Арачиново за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција.

Осомничениот 21-годишен жител на Арачиново, во својот автомобил „ауди 4“ неовластено држел оружје и муниција – полуавтоматски пиштол Токарев ТТ-33 со калибар 7,62Х25 мм, како и пет куршуми од тој калибар. Оружјето било пронајдено на 8 септември, кога овластени полициски службеници го пресретнале осомничениот на клучката Арачиново во правец кон населба Ченто.

Со цел обезбедување присуство на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска осомничениот да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се одложи судењето за убиството на бездомното куче Феликс, активистите в недела излегуваат на протест

За двајца министри за економија се запира постапката за пожарот во Кочани

Проданоски од ВМРО-ДПМНЕ контра ЕУ – Албанија немало да влезе во Унијата, а Македонија ќе била обезличена