Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Истрага против дилерот кој снабдил дрога за забавата во станот во Центар

Истрага против дилерот кој снабдил дрога за забавата во станот во Центар
Img 7972

Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник од Скопје за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Станува збор за случајот со родендеската забава во изнајмен стан во центарот на Скопје, која полицијата вчера ја растури.

„Во изнајмен стан на улицата ‘Црвена Вода’, 28-годишниот осомничен неовластено држел 54,76 грама марихуана, 0,8 грама кокаин, хашиш смола со вкупен волумен од 14 милилитри во три шприца, како и психотропни супстанции: 10,8 грама амфетамин и 4,65 грама од 3,4-метилен диоксиметамфетамин (МДМА). При претрес на станот била пронајдена и дигитална вага со остатоци од наркотична дрога“, информираат од обвинителството.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка куќен притвор.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

РУСКИ ЛАДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Снег ќе има и во градовите!

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети