Утрински Весник
Македонија

Истрага за скопјанец поради поседување дрога и оружје

Истрага за скопјанец поради поседување дрога и оружје

Скопското обвинителство почна истражна постапка против едно лице поради поседување психотропни супстанции и оружје.

Осомничениот 42-годишник, во својот дом во Козле држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм и два куршуми, информираат од Обвинителство.

Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот на 5 јануари.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Петмина уапсени за лажните дојави за поставени бомби во Тетово

Николоски: Заради хистеријата што ја создава Левица, не се носат планови, не се гради и расте цената на стaновите, а млaдите се иселуваат 

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ