Утрински Весник
Македонија

Истрага за измама на пациенти во приватна клиника

Dik 300x250 mk

По утврдување определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот хемофилтрација.

Надлежниот јавен обвинител, имајќи ги предвид околностите, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка за обезбедување на осомничениот – одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за издавање нова. Ваквата мерка е предложена поради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката.​

Можете да прочитате

Детали за излетаното товарно возило кај Хиподром – удрило во банкина

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Овој викенд во Охрид ќе се одржи Втората интердисциплинарна студентска конференција