Официјалната истрага за падот на хеликоптерот во која беа Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум лица, е завршена и утврдено е дека виновникот за несреќата е пилотот.
Тој одлучил да лета во облаците иако тоа е забрането со закон.
Во официјалниот извештај за падот на хеликоптерот на повеќе од 600 страници се наведува дека пилотот Ара Зобајан најверојатно доживеал просторна дезориентација, поради што верувал дека авионот се искачувал, иако всушност се спуштал.
BREAKING: Kobe Bryant died in a helicopter crash in Calabasas Sunday morning. Kobe was traveling with at least 3 other people in his private helicopter when it went down. Emergency personnel responded, but nobody on board survived. https://t.co/izOj2abWiz pic.twitter.com/pGCRkCFIZD
— TMZ (@TMZ) January 26, 2020
Механички дефекти во хеликоптерот Сикор С-76 немало и се очекува по овој извештај, Федералната агенција за воздухопловство во САД да даде препораки со цел да се избегнат несреќи од ваков тип во иднина.
„Ридскиот терен во комбинација со просторната дезориентација на пилотот во облаците било фатално. Пилотот не знаел по кој пат тргнал”, изјави Бил Инглиш, главниот истражител.
Во трагедијата загинаа девет лица.
> Истрагата покажа дека пилотот е виновен за несреќата во која загина Коби Брајант <