Утрински Весник
Спорт

Историја за Сан Марино прославена со солзи – два меча во низа немаат пораз!

Историја за Сан Марино прославена со солзи – два меча во низа немаат пораз!
Dik 300x250 mk

Во Сан Марино се славеше, откако нивната фудбалска репрезентација првпат во историјата избегна пораз во два меча во низа.

Тимот во кој редовно играат локални забари, сметководители и банкари, во првите 150 меча од нивната фудбалска историја загубија 147 пати, примајќи 669 гола, но сега првпат во историја, тимот на Франк Варела одигра два меча без пораз – две ремија против Лихтенштајн и Гибралтар во Лигата на нации на УЕФА.

Резултатот е уште поимпресивен откако поголемиот дел од вчерашниот меч со лидерите на групата Гибралтар го одиграа без капитенот Давиде Симончини, кој доби црвен картон. Ова очигледно многу му значеше на бекот Данте Роси, кој не успеа да ги заддржи солзите давајќи го интервјуто по мечот.

> Историја за Сан Марино прославена со солзи – два меча во низа немаат пораз! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен