Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Историчари од регионот со поддршка за Македонија: Наметнувањето „историски вистини” е опасно

Историчари од регионот со поддршка за Македонија: Наметнувањето „историски вистини” е опасно
300x250 opst2

Група историчари од регионот регираат по блокадата од Бугарија, коментирајќи дека со тоа се злоупотребува историјата во процесот на европските интеграции.

Историчарите од Словенија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Србија, напишаа заедничка Декларација, насловена: „Да ја одбраниме историјата”. Писмото е потпишано од Дубравка Стојановиќ, Хуснија Камберовиќ, Твртко Јаковина, Божо Репе, Аднан Прекиќ, Сњежана Корен, Бранимир Јанковиќ, Момир Самарџиќ и други.

„Ние потписниците на ова писмо изразуваме протест и осуда на овој пример на историски ревизионизам и злоупотреба на историјата за политички цели. Сметаме дека овој пристап е опасен не само за историјата како хуманистичка дисциплина, туку и за демократијата и просперитетот на регионот, но и за самата Европска унија. Наметнувањето „историски вистини” е неприфатливо и опасно. Создавањето на македонската нација не се разликува од начинот на кој се создале сите други нации, а правото на самоопределување е основно човеково право“, се наведува во Декларацијата.

Историчарите бараат од колегите во Македонија и Бугарија, но и во сите земји во регионот, да бидат професионални и да се спротивстават на злоупотребите во својата дисциплина.

„Од политичарите бараме да водат одговорни политики, да не ги подржуваат историчарите кои поттикнуваат националистички конфликти и да не вршат притисоци кои доведуваат до фалсификување на минатото. Од европските институции и држави бараме да реагираат на злоупотребите на историјата, почитувајќи ги основните принципи на Европската унија кои овие денови на Балканот и во Европа се загрозени, како што се различноста, антифашизмот и демократијата. Европската унија е создадена како лек против лошите искуства од минатото и затоа да не дозволиме преку искривување на историјата да се уништуваат принципите на кои се темели идејата за обедината Европа.

Ние, потписниците на ова писмо даваме подршка на интелектуалците и историчарите во Македонија и Бугарија кои отворено се спротивставуваат на политичките притисоци и се борат за заштита на својата професиоја и професионалните стандарди. Само солидарни можеме да ги совладаме озбилните пречки кои стојат пред нас!“, се наведува во Декларацијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Не ја политизирајте случката, нема политичко непријателство“ – Доктор Шаини проговори по нападот

Каранфилова-Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат јасна програма за унапредување на културниот живот во Битола

Изградил објект без одобрение и узурпирал дворно место во Национален парк Шар Планина – тетовчанец кривично ќе одговара