Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Историчарите од Македонија и Бугарија ќе продолжат со средбите во септември

Img 7972

Мешовитата комисија со Бугарија на средбите вчера и денес разменила неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период, соопшти македонскиот тим во комисијата.

Во сооопштението на Комисијата се наведува дека следната средба е закажана за средината на септември 2022 година.

„На средбата, во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година“, наведуваат од македонскиот тим.

Можете да прочитате

Вечерва филмска бркотница низ Скопје заврши кај Идризово, се слушале и пукотници

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

(ФОТО) Богојески повторно со навредлив коментар, овој пат кон новинарка и инфлуенсерка