Утрински Весник
Свет

Историски момент: Германски и израелски авиони летаа заедно над логорот Дахау во чест на жртвите

Историски момент: Германски и израелски авиони летаа заедно над логорот Дахау во чест на жртвите

Заедничката вежба на германските и израелските воздушни сили вклучуваше и историски лет над концентрациониот логор Дахау во Минхен во чест на жртвите на холокаустот.

Два израелски авиони „Ф-16“ и два германски „еурофајтерс“ ги придружуваа авионите „Г-550“ во кои беа командантите на воздушните сили на двете земји – генерал мајор Амикам Норкин и генерал-полковник Инго Герхац. Третиот „еврофојтер“ се приклучи на формацијата во воздухот.

„Од мрачните сеќавања од минатото, ние продолжуваме на нашите крила кон иднината, засекогаш“, рече израелскиот генерал мајор Норкин за време на летот над Дахау.

Авионите потоа поминаа над воздушната база „Еленфелдбрук“, каде што 11 израелски спортисти и тренери беа убиени во терористичкиoт напад на Олимписките игри во 1972 година во Минхен, пренесува порталот „Израелски хајом“.

Кога маневарот заврши, во логорот Дахау се одржа официјална меморијална служба, на која присуствуваа германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и израелскиот амбасадор во Германија Џереми Исакароф. Израелската делегација се состоеше и од потомци на Евреи кои ги преживеале злосторствата во Дахау.

Воената вежба „Сини крилја 2020“ ќе трае две недели, за време на кои силите на НАТО, заедно со сојузничките сили, ќе вежбаат маневри. Ова е прва заедничка вежба на двете армии на теренот на Германија.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење