Утрински Весник
Свет

Истокот на Австрија од денеска „под клуч“

Истокот на Австрија од денеска „под клуч“

Почнувајќи од денеска покраините Виена, Долна Австрија и Бургенланд започнаа да применуваат строги мерки за заклучување и поостри рестрикиции против ширењето на коронавирусот отколку во другите делови на Австрија.

Така, воведен е целодневен полициски час, кој меѓутоа, како и досега, предвидува можност за напуштање на домовите заради пазарење, за работа, но и за пешачење.

Сите продавници, освен маркетите и аптеките, се затворени, а рестораните можат само да доставуваат храна.

Што се однесува до Велигден, големите прослави се забранети, веќе важи правилото „1 + 1“ – едно домаќинство може да се состане само со едно лице од друго домаќинство, без разлика дали е дома или надвор.

Во другите австриски покраини, можно е да се сретнат две семејства, но до 20 часот, кога таму започнува полициски час, кој трае до пет наутро.

Црквите можат да го чествуваат Велигден со верници, но со строги мерки за почитување на физичкото растојание и маски FFP2.

Кој сака да ги напушти источните покраини на Австрија, за тоа мора да има важна и итна причина.

Најавени се контроли на излезите од градовите со цел да се спречи „неоснован бегство“ на граѓаните од источните покраини во другите делови на земјата каде што мерките се полесни.

Во однос на наставата, учениците во моментов се на распуст, а по Велигден, најпрво ќе има онлајн настава во траење од една недела.

Заклучувањето во Виена, Долна Австрија и Бургенланд ќе трае до 11 април.

 

 

Можете да прочитате

Најмалку 16 загинати при пад на авион врз училишен двор во Дака

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Затворени аеродромите во Москва поради напади со дронови