Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Истекува рокот медиумите да достават ценовници за платено политичко рекламирање

Седница на Државната изборна комисија
Img 7972

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – На полноќ истекува рокот за доставување ценовници за платено политичко рекламирање на медиумите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април 2020 година.

Печатените медиуми и интернет-порталите се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а телевизиите и радијата до АВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес, а до завршувањето на кампањата тие се должни двапати јавно да ги објават.

До 19 февруари на полноќ медиумите што сакаа да објавуваат платена политичка програма требаше да се регистрираат во ДИК. Од Комисијата информираат дека е голем бројот на медиумите што доставиле барање за регистрација до нив, и дека дополнително ќе биде објавена нивната бројка.

ДИК, според последните измени на Изборниот законик, на веб-страницата објави просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање од страна на медиумите во последните пет изборни циклуси.

Истовремено тече рокот и за пријава и увид во Избирачкиот список на македонски државјани на привремена работа или кои живеат во странство. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Случајот „Пулс“ кај судијката која го осуди Кежаровски и го судеше Бучковски и Заев

Шајн: Време е за промени во Охрид, охриѓани ќе изберат нов концепт, проекти и резултати

Тасевски vs Ристески – нова криза во М-НАВ