Утрински Весник
Свет
Img 7972

Испукани три балистички проектили во Северна Кореја откако Бајден го напуштил регионот

300x250 opst2

Јужнокорејската војска соопшти дека Северна Кореја истрелала три балистички ракети рано утринава. Властите во Сеул соопштија дека проектилите биле истрелани од областа Сунан во Пјонгјанг помалку од еден час откако американскиот претседател Џо Бајден го напуштил регионот.

Јапонија потврди дека денеска биле истрелани најмалку два проектили. Тамошниот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека првиот проектил прелетал околу 300 километри со висина од околу 550 километри, додека вториот достигнал 50 километри.

Тој го критикуваше лансирањето, велејќи дека тоа не е прифатливо. Јужнокорејскиот совет за национална безбедност ова го нарече сериозна провокација.

За време на петдневното патување, претседателот на САД ги посети Јужна Кореја и Јапонија. За време на посетата на Сеул, Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол се согласија да одржат поголеми воени вежби и да распоредат повеќе американски стратешки средства доколку е потребно за да се одвратат интензивното тестирање на севернокорејското оружје, пренесе АП.

Можете да прочитате

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв

Трамп одлучи: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО, дел ќе завршат во Украина